Страница

За нас

Вршиме опремување на училишта,детски градинки,предучилишни установи,домови за стари лица,дневни центри за деца,едукативни центри,игротеки...

 

      Нашата фирма е формирана 1992 год . Основна дејност е продажба на книги, учебници и училишно-спортски помагала. Во долгогодишната работа со училиштата и факултетите стекнавме доверба кај голем број од нив, а воедно и кај нашите добавувачи, како на пример Тигар од Пирот, кој за нашата фирма изработува топки за кошарка, фудбал, одбојка, ракомет и детски топки за одделенска и предучилишна возраст на кој е вметнато логото на нашата фирма. Воедно сме застапници за Македонија за светската фирма 3B со седиште во Хамбург која е водечка фирма во Европа за производство на наставни помагала. Во изминатиот период имавме плодна соработка со неколку невладини организации: CRS, USAID, IOM и други. Да споменеме неколку поголеми тендери кои ги доби нашата фирма: Тендер за опремување на 250 основни училишта преку проектот Модернизација на образованието 2 фаза , склучен со Министерството за образование во Септември 2010; Тендерот за опремување на кабинетот по нега на болен за медицинското училиште во Штип кој беше донација од јапонската влада; Опремување на музичкиот кабинет, целиот инвентар во библиотеката на гимназијата во Кочани кој беше донација од USAID; Целосно опремување со клупи и столчиња за средното фискултурно училиште М.М.Брицо од Скопје, преку министерството за образование; Склучени се десетина договори со Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, за набавка на нагледни средства.